ЕВН Македонија официјално ја предаде во употреба реконструираната и целосно опремена просторија наменета за безбедно чување на личната заштитна опрема на учениците кои следат дуално електротехничко образование во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Скопје.
Раководителот на Одделот за човечки ресурси и организација во ЕВН Македонија, г-дин Фисник Осеку, ја формализираше донацијата со потпишување на договорот и учествуваше во официјалното предавање на опремата. Тој изјави: „Како компанија веруваме дека највредната инвестиција е инвестицијата во образованието. Таа создава можности, го поттикнува развојот и ја гради иднината на нашата заедница. Посебно сме горди што ја продолжуваме соработката со ова училиште и придонесуваме за подобри услови за учење и развој“.






