30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАOppo N1 во продажба ширум светот од 10-ти декември

Oppo N1 во продажба ширум светот од 10-ти декември

oppo-n1-prodaja

„Oppo N1“ е исклучителен паметен телефон од неколку причини. Како прво, тоа е смартфон кој доаѓа со камера која може да се ротира за 205 степени и така може да се користи и како предна камера.

Како втора карактеристика со која се издвојува од другите е можноста да го одберете оперативниот систем „Android 4.2.2 Jelly“ со „Oppo Color UI“ корисничкиот интерфејс или пак најновиот „Cyanogen Mod“.

Од другите спецификации можеме да напоменеме дека „N1“ е 5,9-инчен уред со солидни карактеристики. Го одликува „IPS“ екран со „FullHD“ резолуција со „377ppi“.

Внатре во пластичното куќиште со дебелина од само девет милиметри се наоѓа 16GB или 32GB простор за складирање (без опција за „microSD“), 2GB работна меморија и „Qualcomm Snapdragon“ 600 чип („Krait CPU“ со четири јадра на 1.7GHz со „Adreno“ 320 GPU). Масата од 213 грама станува појасна кога ќе се напомене дека во уредот се наоѓа батерија со капацитет од 3610mAh.

Овој смартфон веќе е лансиран во Кина, а од 10-ти декември ќе биде достапен на пазарите ширум светот и тоа по цена од 450 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП