Верниците денес го слават Свети Трифун, денот на виното. Овој празник е познат по традиционалното обредно закројување на лозјата.
Се верува дека Свети Трифун е заштитник на лозарите и градинарите и дека ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), Свети Трифун се празнува на 14 февруари според новиот (или на 1 сечко според стариот) календар.

