Промените во производната гама на „Audi“ продолжуваат. Германскиот производител се откажа од уште еден модел – бензинскиот „S6“ повеќе не е дел од семејството „А6“, а компанијата не планира да го замени.
Спортскиот седан беше опремен со 3,0-литарски турбо V6 хибриден мотор кој развива 450 ks и 600 Nm вртежен момент. По неговото заминување, во гамата останува само новиот „А6“ со 3,0-литарски хибриден мотор кој развива 365 ks и 500 Nm вртежен момент.

