Според пресметките на Државниот завод за статистика, Индексот на трошоците на животот во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи зголемување од 3.2 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.2 %.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, изнесува –0.7 %.
Намалувањето на инфлацијата во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 9.3 %, Информации и комуникации за 1.6 %, Рекреација, спорт и култура за 1.5 %, Облека и обувки за 1.2 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.5 %.

