30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGionee Elife E7 го има најмоќниот мобилен процесор! (видео)

Gionee Elife E7 го има најмоќниот мобилен процесор! (видео)

gionee

Додека великаните во мобилната индустрија, како „Apple“ и „Samsung“ веќе со години се фалат со своите премиум телефони, некои трпеливо чекаат состојбата да се „смири“ и да тргнат во напад.

Компанијата „Gionee“ го претстави паметниот телефон „Elife E7“ – првиот кој ја користи најмоќната верзија на процесорот „Qualcomm Snapdragon 800“.

5,5-инчниот 1080p „Android“ уред во себе го користи „Qualcomm Snapdragon 800“, моделот „MSM8974AC“ – во кој се наоѓаат четири „Krait 400“ јадра со работен такт од 2,5GHz и „Adreno 330“ графичкиот систем.

До доаѓањето на „Snapdragon 805“ на почетокот на следната година, ова е најмоќното решение кое производителот на чипови „Qualcomm“ може да го понуди.

Најопремената конфигурација на уредот (вкупно ги има три) има уште и 3GB работна меморија, 32GB меморија и 4G „LTE“ поврзаност. Од другите технички спецификации, тука е и батеријата со капацитет од 2500mAh и посебен процесор кој работи со сензорите за заштедување на енергија.

Стаклото на предната страна и рамката е „Gorilla Glass 3“ кое е со дебелина од само 2,33mm.

Телефонот е опремен со 16-мегапикселна камера, за која компанијата тврди дека е подобро и од решенијата кои ќе се појават на следниот супертелефон „Samsung Galaxy S5“.

Станува збор за сензорот „OmniVision“ со големина 1/2,3″ и со пикселна големина од 1,34 микрони над кој се наоѓа „Largen“ оптика и автофокусен систем на компанијата „Shicoh“.

Не се штедело ни на предната камера која е од 8MP и е подготвена за нешто повеќе од видео повици. Нормално, допрва треба да се види какви се фото-можностите на овој уред, но барем на хартија делуваат повеќе од солидно.

Компанијата „Elife E7“ ќе го понуди во повеќе конфигурации, од кои најевтината (oколу 443 долари) има 2GB работна меморија и 16GB меморија, а гореспоменатата верзија ќе чини околу 525 долари.

„Gionee Elife E7“ ќе работи на „Android 4.2.2 Jelly Bean“ во посебна варијанта која компанијата ја нарекува „Amigo 2.0 OS“.

Се очекува овој уред да се продава во други 40 земји, а нешто повеќе информации можеме да очекуваме во месеците кои следат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП