Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред новинарите изјави дека се обезбедени средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините.
Дел од средствата ќе бидат преку кредитот со Унгарија, под исти услови коишто ги имавме и во претходниот случај, со 3 години грејс период и дополнителни 12 години отплата, односно 15 години со истата каматна стапка од 3,25 проценти.
За Скопје ќе бидат отстапени 100 автобуси, со 50 полначи, а останатите општини коишто имаат организиран градски превоз, ќе добијат 50 автобуси, со 25 полначи.



