ПочетнаКОМПАНИИБАНКИСтопанска банка АД Скопје прокнижи добивка од над 54 милиони евра за...

Стопанска банка АД Скопје прокнижи добивка од над 54 милиони евра за 2025 година

Стопанска банка АД Скопје во текот на 2025 година продолжи со остварување солидни резултати и висока профитабилност. За периодот 01.01-31.12.2025, Банката оствари добивка на износ од 3.336.926 илјади денари.

Нето-приходите од камати изнесуваат 5.345.770 илјади денари и се намалени за 13 % во однос на минатата година како резултат на трендот на намалување на каматните стапки поради промените во референтните каматни стапки и соодветното прилагодување согласно конкуретните движења. Притоа најголемо учество имаат каматните приходи од кредитни активности, каматните расходи на депозитите поради зголемување на салдата, како и трансфер на значителен износ од сметки по видување во категорија на орочени депозити. Како компензаторен механизам се каматните приходи од позициите за ликвидност (меѓубанкарски пласмани, депозити и вложувања во хартии од вредност), кои поради зголемување на салдата, придонесоа со поголеми каматни приходи.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 746.661 илјади денари и се намалени за 14 % во однос на минатата година, пред сè, како резултат на зголемените расходи од провизии кои ги наплатуваат добавувачите на соодветните сервиси, најмногу во делот на картичното работење, со истовремено намалување на тарифните ставки кај одредени сервиси во интерес на клиентите.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 179.952 илјади денари и се на исто ниво од минатата година.

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 1.657.098 илјади денари, главно како резултат на продажба на портфолио на отпишани кредити на население.

И покрај сè уште присутните инфлаторни притисоци и ценовни флуктуации, Банката продолжува со оперативна ефикасност во однос на контролата на трошоците од работењето. Притоа останатите расходи од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 1.108.824 илјади денари и 1.336.284 илјади денари, респективно и се малку повисоки во однос на истиот период од претходната година, пред сè, како резултат на инфлаторните движења и промени во пазарните цени.

Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управувањето со кредитниот ризик се едни од приоритетните цели на Банката. Оттука, заклучно со крајот на 2025 година, Банката издвои исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 1,491.716 илјади денари.

Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и исправката на вредноста изнесува 5.195.430 илјади денари, што е 2 % помалку споредено со претходната година, додека добивката пред оданочување на 31.12.2025 година изнесува 3.703.714 илјади денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП