ПочетнаЕКОНОМИЈАМВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР. 

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и без воздржани Собранието го изгласа Законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците и со ова, од 1 февруари се отвори патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“.

Со усвојувањето на законските измени, камерите во Скопје, Тетово и Куманово повеќе нема да служат само за мониторинг, туку ќе бидат директно поврзани со системот за санкционирање. Практично, тоа значи дека прекршоците ќе се евидентираат автоматски, без интервенција на сообраќаен полицаец на лице место.

Во првата фаза ќе се регистрираат прекршоци како брзо возење, минување на црвено, истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Казните ќе се испраќаат електронски, а при навремено плаќање ќе нема дополнителни трошоци.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП