ПочетнаАВТОБИЗ„Peugeot“ размислува за нов предводник над „508“

„Peugeot“ размислува за нов предводник над „508“

Францускиот производител „Peugeot“ размислува за создавање нов предводник за брендот, кој ќе биде позициониран над „5008“. Сепак, за да биде успешен таков модел, тој мора да биде различен и да се издвојува, изјави шефот на компанијата Ален Фави, цитиран од „Autocar“.

Шефот на „Peugeot“ призна дека прекинатиот „508“ имал голем број тешкотии во справувањето во сегментот што вклучува премиум модели како што се „Audi A4“ и „BMW 3-Series“. Фави не сакаше да го прецизира обликот на идниот предводник, но призна дека брендот ќе користи веќе готови делови од „Stellantis“.

„Треба да видиме што имаме и што е можно да се направи. Ако сакаме да направиме таков автомобил, тоа мора да биде нешто различно. Дали размислуваме за тоа? Да. Дали имаме конкретен план? Не, немаме. Сепак, свесни сме дека не треба да ја преоптоваруваме гамата на ‘Peugeot’“, коментираше Фави.

Според него, ова е најголемата опасност – идниот модел ќе се изгуби меѓу другите, бидејќи на брендот му е тешко да рекламира сè во својата гама. Во исто време, Фави се прашува дали би било поразумно „Peugeot“ да се фокусира на она што најдобро го прави, имено автомобили во сегментите Б и Ц?

„Ова е исто така една од причините зошто се двоумам. Иако навистина би сакал да лансирам таков автомобил“, заклучува шефот на „Peugeot“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП