ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботниците денеска протестираат за плус 100 евра на плата и за 600...

Работниците денеска протестираат за плус 100 евра на плата и за 600 евра минималец!

Во 17 часот денеска е закажан протестот организиран од Сојузот на синдикати на Македонија поради како што велат ниските плати кои не стасуваат од први до први. Од домот на работниците, протестот ќе се пресели пред зградата на Стопанската комора на Македонија а крајната дестинација ќе биде пред влада. Синдикалците со апел до македонските работници, да излезат и да си ги побараат своите пари кои макотрпно секој ден си ги заработуваат, но не ги добиваат во целост.

Ставот на синдикатите е добро познат, македонските работници работат за многу ниски плати, а ако газдите бараат поголема продуктивност, за тоа треба и повеќе да платат. Токму поради овие причини ССМ ги повика работниците на протест со образложение дека властите, а и работодавачите не сакаат да ги разберат преку дијалог на маса.

„Сојузот на синдикати на Македонија е репрезентативен синдикат и во јавниот и во приватниот сектор и согласно закон може да донесе одлука на највисоките органи и тела за отпочнување, поведување и повикување на генерален штрајк во државата заради остварување на економските и социјалните права на работниците, вклучително и зголемување на работничката плата. Ако македонските работници се најсиромашни и власта обожава да владее со сиромашни работници, ние како синдикат нема да го дозволиме тоа. Работниците нè повикуваат, како што го гледаат тоа на телевизија во Грција, во Белгија, во Франција, во Германија, кога се организира 24-часовен генерален штрајк, на секој еден работник му се дава можност да не оди на работа, да не трпи никакви притисоци од работодавачот, да не ги извршува своите работни обврски, да не биде ниту казнет за тоа, а да ни се придружи на улица за да го изразиме револтот. Денеска организираме протест по работно време за да можат што е можно поголем број работници да ни се придружат, но тогаш ќе го парализираме целокупното општество и на таков начин мислам дека ќе упатиме сериозна порака дека состојбата во Македонија не е сјајна како што ја гледаат со розови очила функционерите“, велат од ССМ.

Работодавачите велат дека не можат да издржат, а особено малите фирми да плаќаат минималец кој ќе изнесува 600 евра.

Бизнисмените сега стравуваат дека добар дел од микро и малите фирми ќе згаснат доколку се донесе тој износ. Но со тоа не се сложува синдикатот бидејќи анализите покажуваат дека по секое зголемување на минималната плата, бројот на компании во земјава само се зголемувал, и никогаш не се намалувал. Стагнацијата со висината на платите може да придонесе само со намалување на бројот на работници кои се почесто се одлучуваат да заминат во странство.

Властите пак без никаква иницијатива за подобрување на животот на граѓаните. Ниту мерки против инфлацијата ниту можност за посериозно зголемување на платите на работниците.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП