
Во „online“ продавниците на „Apple“, особено на големите пазари како САД и Кина, минатиот месец купувачите мораа да чекаат и до три недели за испорака на „iPhone 5S“. Со цел да се намали времето на испорака во „Foxconn“, на барање на „Apple“, значително ги зголемија производните капацитети на нивниот „flagship“ мобилен телефон, за сметка на помалку бараниот модел „5C“. Па така сега овој производител моментално произведува дури 500.000 примероци на „iPhone 5S“ во своите погони, што за нив е рекорден број.
