6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНема ново судење за Samsung

Нема ново судење за Samsung

samsung 5

Судот во Калифорнија го одби барањето на компанијата „Samsung“ за ново судење, но исто така го одби и барањето за зголемување на оштетата кое е предходно поднесено од страна на компанијата „Apple“.

Судот во текот на август донесе одлука дека оваа Јужнокорејска компанија на „Apple“ мора да и плати оштета во висина од 1.05 милијарди, поради кршење на правата на неколку нивни патенти во врска со дизајнот и опциите, кога станува збор за „Samsung“ смартфоните и таблетите.

„Samsung“ побара нова рунда на судење, наведувајќи дека судењето не било праведно и дека целиот процес е исполнет со голема доза на пристрасност, но тоа барање е одбиено.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП