28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаскоро LG G Flex ќе се најде на европскиот пазар

Наскоро LG G Flex ќе се најде на европскиот пазар

lg g flex

Според последните информации кои пристигнуваат од Јужна Кореа, смартфонот на „LG“ со закривен екран „Flex“, наскоро ќе се појави на европскиот пазар.

Јужнокорејскиот гигант на манифестацијата која ќе се оддржи на 3-ти декември во Хонг Конг би требало да го оддржи интернационалното претставување на овој модел. Засега „LG G Flex“ е достапен само на домашниот пазар и се продава по цена од 940 долари.

„LG Flex“ е првиот паметен телефон со закривен екран кој поседува „OLED“ дисплеј со дијагонала од 6-инчи, а меѓу останатите спецификации се и процесорот 2.2GHz „quad core Snapdragon 800“, 2GB RAM и камерата од 13 мегапиксели.

Тоа што е најинтересно во врска со овој модел е матаријалот со кој е обложена задната страна на уредот и кој е во состојба сам да се поправи кога ќе се изгребе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП