25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 30.11.2013

Дневен хороскоп 30.11.2013

horoskopskopskop1

 

oven1Овен (21.03 – 20.04)

Сакате да се истакнете во јавноста и тоа не го криете. Имате поддршка од некоја личност која се разбира во финансии и лица кои ви помагаат да надминете некои дилеми или стравови. Многумина ви замеруваат дека сте нереални во врска со вашите планови и тоа со лица кои не ја ценат вашата искреност, напротив, подготвени се да ве предомислат во врска со вашите планови. Месечината во Шкорпија ви носи многу нови можности за наоѓање на нови соработници.

bik1Бик (21.04 – 21.05)

Во следниот месец ќе имате многу прилики и ситуации да ги задолжите луѓето и тоа навистина голем број од нив со пружање некаква помош, услуги, совети и да се здобиете со завиден рејтинг, почит и признанија, се разбира, работи кои ви конвенираат и ви одговараат. Морате да внимавате малку на вашите прехранбени и хигиенски навики но и стил на облекување, бидејќи и едното и другото директно влијае врз вашиот здравствен билтен но и врз вашето окружување во деловниот свет. Во овој период ќе почувствувате недостаток на пари.

bliznaci1Близнаци (22.05 – 22.06)

Се обидувате да започнете некои нови нешта, нови активности, нови проекти или што било друго, но прв пат, а немате премногу искуство и опит за истите работи, па се потпирате на имагинацијата и креативноста, а убаво би било некого и да запрашате што е и како е, можеби ќе добиете и валиден совет, а можеби и конкретна помош. Можни се и некакви нови односи во вашата канцеларија, или откритие дека некој од вашите колеги веќе пораснал за да го третирате како дете. Одлични односи со блиските соработници.

rak1Рак (22.06 – 22.07)

Денес и во следните неколку дена имате мотиви и енергија да започнете со реализација на планови и идеи кои ги имате доста долго во умот и чија реализација секако ќе ви предизвика доста задоволства и среќа. Имате енергија и успешноста е правопропорционална со мотивите кои ве туркаат напред. Имено, ако се од спиритуална, духовна природа, успешноста е речиси загарантирана, но ако се од материјална, успешноста рапидно опаѓа во зависноста од тоа колкава е вашата заглавеност во материјалноста.

lav1Лав (23.07 – 22.08)

Забележувате дека некој внесува дополнителни проблеми во деловните кругови. Не учествувајте во јавни расправи околу деловните интереси. Потребни ви се практични резултати, а не интелектуално надмудрување. На оние кои постојано се противат на вашите идеи покажете им каде им е местото. Не трошете пари на непотребни работи.

devica1Девица (23.08 – 22.09)

Вниманието ќе ви биде насочено кон финансиите и некакви сериозни акции и трансакции кои мислите да ги сторите или кон некакво вреднување на некакви нешта, можеби дури и личности, низ сериозни и конструктивни разговори или размена на информации. Во оваа смисла и едното и другото може да се комбинира поради сериозен разговор за некакви финансиски прашања со едниот родител. Исто така, вашата трудољубивост ќе биде во подем и тоа не само денес, туку и во следните неколку дена.

vaga1Вага (23.09 – 22.10)

Сакате да бидете забележани и ќе направите се за да го постигнете тоа. Верувате дека ќе ве прифати некој со кој претходно сте соработувале, иако меѓувремено сте имале проблеми со некој Рак или Јарец, обидете се да ги средите проблемите без премногу нервоза. Добро се согласувате со оние кои се далеку поуспешни од вас и очекувате да ве поддржат. Денес ќе разговарате за финансиската ситуација или зголемувањето на приходите.

shkorpija1Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ако планирате приватен бизнис за кој ви е потребна поддршка од членовите на фамилијата или ви е потребен кредит, ќе бидете во состојба да донесете одлука не размислувајќи за последиците и сите препреки со кои би можеле да бидете соочени. Не дозволувате никој на било кој начин да ве попречи во она што го планирате и поради тоа доаѓате во конфликт со оние кои се повозрасни од вас.

strelec1Стрелец (22.11 – 21.12)

Одлични дневни перформанси во смисла на работата, на помагање на другите, контакти со личности кои на некој начин зависат од вас, ви се наклонети или имаат некаква потреба од ваша услуга, особено ако тоа ви е занимање. Како и да е, може да имате многу причини за веселост и расположеност поради остварувањата во денот, многу благодарност од другите кон вас, а и голема можност за добар профит.

jarec1Јарец (22.12 – 20.01)

Иако не сте баш синоним за директност во искажувањата, посебно на вистината, која знаете да ја завиткате во нежност, па луѓето не знаат дали сте искрени или се преправате, во следниот период вашата импулсивност ќе биде забележлива, за многумина знак дека нешто ви се случува, иако може и да не е така, комуникативноста доста директна, посебно со личности од деловниот свет. Имате можност за добра соработка.

vodolija1Водолија (21.01 – 19.02)

На некого многу му е важно да ве има во неговата екипа и нема да се двоуми да ја продолжи соработката со вас, дури ни под вашите услови кои воопшто не се минимални. Подготвени сте да се борите за она што го сметате за правилно, а еден Јарец кон вас е многу неправеден. Ако сте разочарани од некоја Вага или Овен, за тоа нема на никого да кажете, ниту на оние во кои имате доверба.

riba1Риби (20.02 – 20.03)

Одлични дневни перформанси во смисла на работата, на помагање на другите, контакти со личности кои на некој начин зависат од вас, ви се наклонети или имаат некаква потреба од ваша услуга, особено ако тоа ви е занимање. Како и да е, може да имате многу причини за веселост и расположеност поради остварувањата во денот, многу благодарност од другите кон вас, а и голема можност за добар профит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП