Министерството за финасии ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница на износ од 1 милијарда евра.
Министерството за финансии издаде еврообврзница со две транши од по 500 милиони евра, со рок од 4 години и со рок од 8 години.
Каматните стапки за двете транши изнесуваат: 3,875 % за траншата со рок на достасување од 4 години и 4,750% за траншата со рок на достасување од 8 години.
Со новото задолжување ќе се изврши исплата на Еврообрзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра, а 300 милиони евра ќе се трошат за реализација на развојни проекти.
Според министерството за финансии, издавањето на Еврообврзницата е за адекватно управување со јавниот долг и да се одржи стабилноста на јавните финансии на среден и долг рок.



