Министерството за финансии ги објави податоците за состојбата и реализацијата на буџетот за 2025 година. Официјалните бројки се однесуваат за приходната страна но и за реализацијата, односно расходната страна. Потоа, на веб страната на финансии стои и каква била реализацијата на капиталните инвестиции заклучно 31 декември ланската година, како и податоци за долгот на државата.
Заклучно последниот ден од 2025 година владата успеала да собере во државниот буџет 336 милијарди денари, или околу 5,4 милијарди евра. Тоа претставува 92 отсто од предвидените средства кои властите планирале да ги обезбедат. Во однос на расходната страна државата лани потрошила повеќе отколку што собрала, податоците велат дека расходите лани тежеле 377 835 милијадри денари или 6,1 милијарди евра. Тоа според планот е реализација од 93 отсто.
На крајот на 25та капиталните инвестиции кои можеби се една од клучните механизми за раст и развој на државата бележат реализација од само 64,5 отсто. Вкупната сума која е потрошена за изградба на капиталните проекти изнесува само 28 452.
Податоците кои се однесуваат за државниот долг пак велат дека тој изнесува 8,5 милијарди евра. Тоа според пресметките на финансии изнесува 50,9 отсто од Бруто домашниот производ.
„Се што е предвидено во рамки на Буџетот ќе биде реализирано. Капиталните расходи се планирани некаде над 44 милијарди денари, што во овие услови претставува одлично ниво. При тоа за разлика од претходно ќе се фокусираме на квалитетни проекти, како што се општинските за кои се потпишаа договорите. Нема да отстапиме од таа реализација на проектираниот економски раст, бидејќи нашиот фокус се поддршка на инвестиции. При тоа кога зборуваме за инвестиции зборуваме за вистинска реализација на инвестиции. Тоа го потврдивме и на состаноците во Вашингтон со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка“, велат од Министерството за финансии
Годината што е пред нас ќе носи многу предизвици за македонската економија. Главната мака секако треба да бидат новите најавени задолжувања кои би се извеле преку две еврообвзници а се наменети за раздолжување и финансирање на буџетскиот дефицит. Дополнителен преблем може да се јави ако се остварат предвидувањата на добар дел од познавачите дека и годинава можно се избори, овој пат предвремени парментарни кои би направиле повторно една стагнација на буквално се што функционира неколку месеци.
И.П



