2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAngry Birds Go! е бесплатна, но некои од додатоците вредат 100 долари!

Angry Birds Go! е бесплатна, но некои од додатоците вредат 100 долари!

angrybirdsgo

Новата картинг игра на „Rovio“, „Angry Birds Go!“, официјално ќе се појави на 11-ти декември, а како и многуте „Angry Birds“ игри ќе биде засновата на „freemium“ моделот.

Тоа значи дека играта ќе биде бесплатна за превземање, но на различни начини ќе се обидуваат од вас внатре во играта да потрошите вистински пари.

Од компанијата истакнуваат дека некои од опциите за купување внатре во играта ќе чинат дури 100 долари, износ за кој можат да се купаат две „AAA“ игри за „PC“ или конзоли.

Играчите од Нов Зеланд, кои порано добија пристап до оваа игра истакнуваат дека понудата во „in-app“ купувањето е голема, но проблемот е во тоа што играчот многу бргу се „уморува“, па така неможете веднаш бесплатно да ја играте ( во еден ден, туку ќе морате да го одморите).

Ваквиот модел ги притиска играчите да потрошат пари за да можат многу да играат.

Се разбира, „Angry Birds Go!“ не е единствената „бесплатна“ игра која има вака скапо „in-app“ купување, но останува да видиме што го прави толку скап овој додаток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП