2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако со автомобил да бидете безбедни на снег - совети и правила

Како со автомобил да бидете безбедни на снег – совети и правила

zimski-uvjet

Снегот не е некоја голем причина за паника, а искусните возачи можат да го совладаат дури и со летни гуми. Доколку немате искуство со возење на снег ви препорачуваме нашиот прв „спуст“ да го одложите за некои подобри времиња, затоа што е подобро да се паркирате и да продолжите пешки, отколку подоцна да плаќате поправки.

Доколку некаде ве фати снегот и морате да возите по него, имаме неколку совети за вас.

Кога возите по снег возете бавно, тоа е златно правило! Времето на сопирање значително се зголемува, како и брзината кога автомобилот ќе започне да се лизга. Во кривини влегувајте бавно и со добро прилагодена брзина (вообичаено во втора брзина), а доколку сте принудени да запрете, а немате „ABS“, никако немојте да притиснете на сопирачката до крај, затоа што автомобилот ќе започне да се лизга и ќе добие забрзување. Држете поголемо растојание од возилото пред вас, препорачано е 10 до 15 метри за да имате доволно простор за сопирање.

Доколку сте свесни дека пред зимата нема да набавите зимски гуми, добро е да ставите на погонските тркала гуми кои имаат што е подлабок профил, а обично тоа се гумите кои се наоѓаат на задните тркала. Ако немате зимски гуми, не би било лошо да си купите ланци.

Уште една напомена која секако вреди да се запамети! Зимските гуми одлично се однесуваат на температура до 6 степени. Веднаш кога температурата ќе премине 6 степени, гумите лошо се прилагодуваат на влажниот пат. Возењето со зимски гуми по влажен пат и на високи температури, на неискусниот возач му дава лажна сигурност и таа скоро секогаш лошо завршува.

На крајот, не заборавајте:

Зимската опрема е задолжителна кога на патот има повеќе од 5cm снег. Зимска опрема на возила со максимална маса до 3.5 тони се 4 зимски гуми или 4 летни гуми со минимална длабочина на шарата од 4mm, како и ланци за снег на погонските тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП