ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата со закон ќе ги дисциплинира трговците кои водат нефер трговски игри!

Владата со закон ќе ги дисциплинира трговците кои водат нефер трговски игри!

Сите граници ги поминаа. Дел од трговците и овие празници ги наполнија касите на грбот на граѓаните. Во маркетите поскапе речиси се. Ова се генералните заклучоци на јавноста кои секојдневно може да се слушнат низ анкетите, по чаршијата или да се прочитаат на социјалните мрежи.

Владата сега има на ум да направи измени во законското решение кое ќе има за цел да им го дотера умот на несовесните трговци. Секоја чест на оние кои играа според правилата, но добар дел од ланците на маркети и овој период од годината си тераа по старо.

Наместо сегашните 20 илјади евра казна за нефер трговска практика, власта има намера глобата да ја зголеми за десет пати, односно санкцијата да изнесува 200 илјади евра во случај трговецот вештачки и без никакво образложение нереално да ги зголемил цените во маркетот.

Од Илинденска број 2 најавија дека на почетокот од годинава измените на законот ќе бидат готови и граѓаните ќе може да бидат сигурни дека дополнително ќе бидат заштитени од нови ценовни шокови.

Како Влада не сме љубители веднаш на репресивни мерки и секогаш во моите изјави се обидувам да испратам порака до тие кои се однесуват незрело, неодговорно и лакомо. На тој начин не може да се води бизнис – кога само едната страна добива. Тие сакаат да водат бизнис, тие да добиваат, а граѓаните да губат.

Во овој случај, неколку ланци на маркети добиваат и бидејќи гледам дека сите наши апели не стигнуваат и се обидуваат да ги видоизменат тие нефер трговски пракси, тоа внимателно го документираме и следиме. Кога ќе бидеме целосно подготвени, а тоа мислам дека ќе биде наскоро, ќе преземеме жестоки мерки“, велат од владата.

Комисијата за заштита на конкуренцијата веќе санкционираше неколку ланци на маркети но со симболични казни од само 50 илјади евра, и тоа за случај каде не самостојно туку со картелско здружување правеле и манипулации со цените во трговијата на големо и мало. Поради овој скандал се промени и раководството на Сојузот на стопански комори кое беше дел од овие нефер практики.

На неколку пати премиерот па и ресорниот министер за економија посочија дека краткорочни мерки нема да се носат во иднина како замрзнување на цени или ограничување на маржи. Преку засилени контроли на Државниот пазарен инспекторат ќе се ловат трговците кои нереално ги зголемуваат цените.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП