25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle се согласи да им плати на француските медиуми

Google се согласи да им плати на француските медиуми

gogle

„Google“ се согласи да формира фонд од 60 милиони евра за помош на француските медиуми во развој на бизнисот на интеренет. Овој договор е резултат на двомесечните преговори, откако локалните информативни портали побараа „Google“ да им плаќа надомест за прикажување на нивните линкови при пребарување на интернет.

Француската влада се закани дека од „Google“ ќе бара да плати данок од средствата добиени преку реклами, кои се гледаат покрај линковите на француските медиумски компании.

Американската компанија во еден момент се закани дека би можела да ги исфрли веб страните од француски медиуми, при пребарување на резултати кои се прикажуваат на корисниците.

Покрај договорот за формирање на фонд за иновации на дигиталното издаваштво, „Google“ се согласи на француските медиуми да им овозможи рекламирање по пониски цени, пренесе „BBC“.

Франција е горда што постигна ваков договор со „Google“ кој е прв од ваков вид во светот, објави на „Twitter“ Канцеларијата на францускиот претседател, Франсоа Холандеа.

Аналитичарите сметаат дека слични барања „Google“ може да добие и од медиумите од другите земји.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП