28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовите бензински мотори емитуваат повеќе честички од претходните

Новите бензински мотори емитуваат повеќе честички од претходните

gasovi

Под притисок на новите закони за емисијата на штетни гасови, производителите на автомобили ги намалија моторите, а новите „GDI“ агрегати до крајот на деценијата би можеле да се најдат во сите бензинци кои се продаваат во Европа. Меѓутоа, новата студија на независните истражувачи на „TUEV Nord“ од Германија, вели дека овие мотори емитуваат околу 1.000 пати повеќе штетни честички, меѓу кои и голем број канцерогени.

Во студијата се наведува дека „GDI“ моторите, исто така емитуваат десет пати повеќе честички од новите дизел агрегати.

Зголемената емисија на штетни честички се случува поради тоа што цилиндрите во новите мотори работат под поголем притисок:

„Автомобилите се најголем извор на загадување на воздухот во европските градови и 90 проценти од жителите на Европа се изложени на нивното штетно влијание“, вели Грег Арчер во студијата.

„Новите економични „GDI“ мотори се со помала емисија на „CO2“ и би биле вистинско решение кога не би емитувале толку штетни честички. Овие честички би можеле да бидат елиминирани со купување на филтри од 50 евра, меѓутоа производителите несакаат да ги вградат во автомобилите“, додава тој.

Организацијата нагласи дека се проценува, дека загадувањето на воздухот секоја година е одговорно за околу 460.000 смртни случаи во Европската унија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП