28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 29.11.2013

Дневен хороскоп 29.11.2013

horoskop1

 

oven1Овен (21.03 – 20.04)

Месечината во Вага и Сатурн во Шкорпија ве прават премногу подготвени и упорни да се борите за она за кое сметате дека ви припаѓа. Би требало да бидете подготвени да се прилагодите на барањата на деловниот партнер, без оглед дали се работи за сегашната или за некоја нова работа. Можен е разговор со некој кој има добри идеи во врска со некој нов проект.

bik1Бик (21.04 – 21.05)

Прашањата во врска со финансиите и приватниот бизнис стануваат многу приоритетни за вас. Оптеретени сте со евентуалните проблеми кои би можеле да се појават во соработката со колегите, можеби и со претпоставените. Сметате дека се многу неблагодарни за се што сте направиле за нив. Најсигурни ви се Јарецот и Девицата. Една Шкорпија се надева на вашата помош или на заедничка соработка.

bliznaci1Близнаци (22.05 – 22.06)

Јасно ви е дека ќе мора да прифатите некои нови услови на работа бидејќи мислите дека немате друг избор. Не се откажувајте од планот за кој на никого не сте му кажале. Личноста која неодамна ја запознавте или со неа сте се зближиле не е искрена, особено ако е Бик, таа нема да ви ги открие деталите кои ви се потребни и кои се во ваш интерес.

rak1Рак (22.06 – 22.07)

На почетокот на денот ќе бидете добро расположени, но во текот на вечерта ќе дојде до промена. Постои можност да бидете малку нерасположени и плачливи без некоја посебна причина. Всушност вас ве совладуваат емоциите и не можете да приметите дека работата одлично ви оди, соработниците го ценат вашето мислење и компанијата во која работите се надева на вашата помош.

lav1Лав (23.07 – 22.08)

Ако немате некакви проблеми кои ве мачат подолго време и ви го преокупираат вниманието, што значи дека и губите енергија повеќе од што можете да ја надоместите, денот ќе ви биде прилично весел, радосен, оптимистичен и само во такво расположение можете да ги решавате работите онака како што само вие знаете, ефективно и егзекутивно, а притоа и да си обезбедите доста внимание и секако по некој аплауз на отворена сцена. Финасиите во блиска иднина ќе ви бидат стабилизирани.

devica1Девица (23.08 – 22.09)

Де​нес, мо​же​би, ќе се соз​да​дат ус​ло​ви да ви тре​ба не​как​ва асис​тен​ци​ја или по​мош или не​ко​му да му е потребно тоа од ва​ша стра​на. Иа​ко не​ма​те неш​то мно​гу енер​ги​ја на сво​ја стра​на, ќе помогнете ма​кар и со совет или убав збор, по​фал​ба, љу​без​ност, не​кој си​тен по​да​рок ка​ко знак на внимание. Вашите соработници ќе бидат воодушевени од вас, а вашите ученици ќе сакаат што повеќе да научат од вас.

vaga1Вага (23.09 – 22.10)

Владеете со зодијачкиот циркус, а во следните неколку денови влијанијата од вашиот знак ќе бидат прилично лежерни и опуштени, а за денес исклучително поволни, лефтерни, полни со оптимизам, хумор и многу веселост, друштвеност. Сепак бидете претпазливи кон самите себе, и преиспитајте ги вистинските мотиви за таквото однесување. Можеби на таков начин си овозможувате некаква поддршка, помош или соработка, па иако тоа не е лошо во суштина и пристапот е еден од подобрите, сепак е некаква математика во прашање. Можеби некакви пари ви се на дофат на раката, а вие кон тоа прашање сте прилично несигурни.

shkorpija1Шкорпија (23.10 – 21.11)

Уште од утрото интонацијата на денот е прекрасна, многу веселост и дружби со женски лица претежно, убаво расположение кое се надеваме дека ќе ве следи целиот ден бидејќи едноставно нема аспект кој би говорел спротивно. Денес ќе имате супер соработка со некои лица кои не сте ги виделе подолго време, од таа соработка, нормално, ќе ви се овозможи шанса за дополнителни приходи, кои ви се повеќе од неопходни.

strelec1Стрелец (22.11 – 21.12)

Поседувате чувство на позитивност, радост и среќа, љубезност кон сите, благонаклонетост, ширење оптимизам, значајни разговори со значајни луѓе, искажување на чувство, и секако ваша непомирлива и непоткуплива праведност и правичност, а тоа ќе го соопштувате на ваш нежен и смирен начин, па истото ќе биде и прифатено иако содржината можеби за соговорникот нема воопшто да биде пријатна. Внимавајте да не го нарушите мирот во соработката со вашиот партнер.

jarec1Јарец (22.12 – 20.01)

Одлични дневни перформанси во смисла на работата, на помагање на другите, контакти со личности кои на некој начин зависат од вас, ви се наклонети или имаат некаква потреба од ваша услуга, особено ако тоа ви е занимање. Како и да е, може да имате многу причини за веселост и расположеност поради остварувањата во денот, многу благодарност од другите кон вас, а и голема можност за добар профит.

vodolija1Водолија (21.01 – 19.02)

Инсистирате на сопственото гледање на нештата во својата работна средина, а таквото однесување ќе резултира со конфликт со соработниците. Полека, но сигурно доаѓаат крупни деловни промени, така што немате причина за грижа. Иако имате премногу работа, се обидувате да најдете задоволство. Доколку добиете привлечна понуда за промена на работното место, не се залетувајте и не ги идеализирајте потенцијалните соработници.

riba1Риби (20.02 – 20.03)

Се наоѓате во интензивен период во кој изобилувате со енергија, шарм и оптимизам. Но, ќе се однесувате неконтролирано во трошењето пари, а тоа ќе резултира со долгови што ќе ги исплатувате многу подолго од моментното задоволство. Вашите соработници се обидуваат да ви ги посочат грешките кои ги правите, но вие не сакате да ги слушате. Внимавајте може да ја загубите работата која ви е повеќе од неопходна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП