ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто мамурлаците се влошуваат со возраста - како можеме тоа да го...

Зошто мамурлаците се влошуваат со возраста – како можеме тоа да го спречиме?

Можеби стануваме подобри во многу работи со возраста, но поднесувањето на мамурлак сигурно не е една од нив.

Нашите тела стануваат помалку опремени за справување со ефектите од алкохолот уште во доцните дваесетти години. Иако причината не е сосема јасна, се верува дека е поврзана со брзината со која телото го обработува она што го внесуваме.

„Мамурлуците се влошуваат со возраста затоа што со секој пијалок ги осиромашуваме виталните ресурси во телото кои помагаат во разградувањето на алкохолот“, рече Кристофер Розел од Универзитетот во Пенсилванија.

Во основа, секој пат кога пиеме, користиме „муниција“ за да се одбраниме од токсините, а со текот на времето имаме сè помалку и помалку од таа „муниција“. Затоа нашата одбрана слабее и телото потешко се бори со мамурлакот.“ Таа „муниција“ се антиоксиданси, ензими и аминокиселини во црниот дроб.

„Како што старееме, лачиме пониски концентрации на ензими на црниот дроб, што го продолжува процесот и времетраењето на мамурлакот“, додаде регистрираниот диететичар Ли Ренвик.

Како да ги ублажите последиците?

Ако се борите со мамурлук, постојат неколку начини да се олесните, како и неколку совети за во иднина.

Внимавајте што и колку пиете – Најочигледниот совет е да бидете свесни за количината на алкохол што ја консумирате. Исто така, изберете ги вашите пијалоци. „Избегнувајте потемни алкохолни пијалоци како виски и црвено вино.“

„Полесните пијалоци како џин и вотка имаат помалку конгенери, кои имаат тенденција да ги влошат симптомите на мамурлук“, советува Џорандби. Ренвик додава дека е мудро да се избегнуваат шеќерни пијалоци и коктели, кои можат да предизвикаат пад на шеќерот во крвта и дополнително да го иритираат желудникот.

Хидратацијата е клучна – Бидејќи дехидрацијата игра голема улога, најдобриот начин да се спречи мамурлакот е да се пие вода.

„Направете си услуга и останете хидрирани. Обидете се да испиете еден алкохолен пијалок, а потоа една чаша вода. Вашата глава ќе ви биде благодарна подоцна“, препорача диететичарката Мариса Мешулам.

Не пијте на празен стомак – Мешулам предлага да јадете „избалансиран оброк од протеини, масти и јаглехидрати богати со растителни влакна“ пред да излезете надвор.

Кофеинот може да помогне – „Кофеинот нема да го излечи мамурлакот, но ќе ви помогне да се чувствувате побудни и да го разјасните умот. Внимавајте да не претерувате бидејќи може да ве дехидрира“, рече Џорандби.

Кафето не смее да биде замена за вода.

Заборавете на „клин со клин“ – Жал ми е, но Блади Мери не е лек за сè. „Не посегнувајте по повеќе алкохол за да се ослободите од мамурлукот“, предупреди Џорандби, додавајќи дека тоа станува маѓепсан круг и може да доведе до зависност.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП