23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерхио Рамос на продажба!?

Серхио Рамос на продажба!?

ramos perez

Централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Серхио Рамос е пред напуштање на тимот, пишува весникот „Ас“.

Дефанзивецот е во конфликт со претседателот на „белите“, Флорентино Перез и од играч со статус на „недопирлив“, можно е да се пресели во друг клуб по Светското првенство во Бразил.

Според информациите од Шпанија, Рамос претендира за повисока плата, но честите грешки во последните натпревари го тераат Перез да го одбие таквиот потег. Претседателот на „белите“ нема ништо против да го продаде, додека сепак некој не даде понуда за него од 65 милиони евра.

Шпанските медиуми истакнуваат дека тренерот Карло Анчелоти исто така е лут на Рамос, особено по нелогичниот црвен картон, кој дефанзивецот го заработи на натпреварот против Галатасарај во средата. Анчелоти ја преферирал двојката Пепе – Рафаел Варан и единствено повредата на младиот Французин би го сопрела Серхио Рамос да не биде на клупата.

Договорот на поранешниот дефанзивец на Севиља со Реал е до 2017-та година. Тој добива на „Сантијаго Бернабеу“ по 5.5 милиони евра по сезона, но клубовите како Манчестер Сити и ПСЖ се подготвени да му плаќаат за 50 проценти повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП