3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFaceCrypt: Апликација која го штити вашиот iPhone

FaceCrypt: Апликација која го штити вашиот iPhone

facecrypt

Заборавете ги вашите лозинки, шифри и разни комбинации на броеви и букви, пристигнува „FaceCrypt“, апликација со која вашето лице ќе биде „password“ за вашиот „iPhone“. Користењето е многу едноставно, кога ќе се стартува апликацијата, ќе направите фотографија со вашиот телефон, па потоа вашето лице ќе служи како шифра.

Секој пат кога корисникот ќе сака да има пристап до заштитените податоци на телефонот, доволно е да го ставите уредот пред лицето. Сезнзорите потоа се вклучуваат и го детектираат лицето на корисникот. Кога ќе дојде до „поклопување“, на корисниците им е овозможен непречен пристап до податоците.

Апликацијата може да чува податоци од вашите кредитни картички, број на пасош или било кој документ, како и фотографии и видео снимки кои сакате да останат тајна. Најевтината верзија на апликацијата ќе чини 5 долари, додека најскапата со повеќе опции чини 7 долари.

Креаторот на оваа апликација Џереми Роуз е поранешен вработен во една компанија за безбедност, кој претходно ги изработувал биометриските системи за заштита во затворите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП