1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLEVORG - Новиот прототип на Subaru (фото+видео)

LEVORG – Новиот прототип на Subaru (фото+видео)

levorg

„Subaru“ на 43-тиот саем за автомобили во Токио на светот за прв пат му го претстави прототипот од новиот модел наречен „LEVORG“, кој според најавите од јапонскиот производител наскоро ќе добие и производна верзија.

„Subaru“ овие денови е многу активен на авто-саемите ширум светот. По тој во Лос Анџелес на кој премиера имаше моделот „WRX“, претставен е уште еден нов автомобил на јапонскиот производител, овој пат на домашниот, токискиот саем.

levorg1

Двете возила имаат препознатлив визуелен идентитет на новата генерација на моделите на „Subaru“, a „LEVORG“ настана како резултат на посветеноста на компанијата, покрај уживањето во возењето на долги релации, да им понуди на корисниците практичен, но и спортски автомобил.

Името на автомобилот настана од комбинацијата на зборовите „Legacy“, „revolution“ и „touring“, a „Subaru“ во развојот на ова возило ги вложи сите свои најнови технолошки достигувања за на најдобар начин да го обедини возењето, безбедноста и заштитата на средината на високо ниво.


Деталите на дизајнот на надворешноста укажуваат на автомобил со спортски карактеристики, со голем внатрешен капацитет, додека меѓу современите системи се издвојува безбедносната технологија на новата генерација „EyeSight“.

Хоризонтално сместениот мотор со директно вбризгување е поставен ниско и овозможува мала потрошувачка. Во понудата ќе бидат два типа на погонски агрегати од 1.6 и 2.0 литри, кои ќе располагаат со висок максимален вртежен момент.

levorg2

Послабиот 1.6 DIT турбо бензинец ќе развива 170 ks (125 kW) и 250 Nm максимален вртежен момент, додека помоќниот, 2.0 литарскиот агрегат ќе произведува дури 300 ks (221 kW) и 400 Nm.

Моторите ќе ја пренесуваат моќта на тркалата со помош на симетричниот погон на сите тркала (SAWD), со помош на „Lineartronic CVT“ менувачот (кај моделот со 1.6 литри), односно „Sport Lineartronic CVT“ трансмисијата во верзијата од 2.0 литри.

levorg3

„Subaru“ најави дека серискиот модел на прототипот „LEVORG“ ќе се најде во продажните салони веќе од пролетта 2014-та година, но не прецизираа на кои пазари. Па така тогаш ќе очекуваме повеќе технички детали за овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП