29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКој е прв во светот според брзината на „download“?

Кој е прв во светот според брзината на „download“?

dowloading

Според брзината на преземање на податоци по пат на широкопојасниот или „broadband“ интернет за приватни корисници, кое рангирање редовно го објавува американската компанија „Ookla“, САД се наоѓа на 31-то место, а на лидерската позиција се наоѓа Хонг Конг. Македонија со брзината од 11,54 Mb/s го зазема 64-то место.

Табелата наречена „Net Index“ се формира врз основа на податоците добиени од милиони поединечни мерења на „broadband“ брзината која корисниците можат да ја спроведат бесплатно преку сервисот “Speedcheck.org” .

Добиените податоци за некои земји се со средна вредност изразена во Mb/s во изминатите 30 дена, каде оддалеченоста меѓу клиентот и серверот е помало од 480 километри.

Лидер во ова рангирање според брзината на превземање (download) е Хонг Конг со брзина од 71,03 Mb/s, втор е Сингапур 52,85 Mb/s, додека трета е Романија со брзина од 50,82 Mb/s. Четвртото место и припадна на Јужна Кореа, а просчната брзина во оваа земја изнесува 47,36 Mb/s.

САД своето 31-во место го заработи поради брзината од 20,77 Mb/s, што е полош резултат од многу европски земји, вклучувајќи ја и Молдавија.

На Западен Балкан, најголема брзина им Словенија (14,68 Mb/s), а по неа се Македонија (11,54) и Србија (8 Mb/s).

По нив според брзината на широкопојасната мрежа се БиХ (6,75 Mb/s), Хрватска (6,65), Црна Гора (6,40 Mb/s) и Албанија (6,04 MB/s).

На последно или 186-то место се наоѓа Авганистан со брзина од 1,13 Mb/s.

На овој линк можете да ги проследите сите земји кои се вклучени во ова рангирање.

http://www.netindex.com/

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП