Легендарната „Grand Theft Auto: San Andreas“ која е една од најпопуларните видео-игри од времето на „PlayStation 2“, се враќа и тоа на мобилните уреди.
Имено, од „Rockstar“ објавија дека верзијата на „GTA: SA“ за „iOS“, „Android“, „Amazon Kindle“ и „Windows Mobile“ ќе биде претставена во декември. Повеќе детали би требало да бидат објавени во текот на следните неколку недели.
„San Andreas“ за мобилните уреди доаѓа со различна графика, вклучувајќи ги и динамичните сенки, поголемите „draw distance“ и збогатената палета на бои, како и подобри модели на ликови и автомобили.
Играта нуди и нови можности за контрола преку екранот на допир.