ПочетнаЕКОНОМИЈАСкапотијата не запира, кошничката се полесна, џебот се попразен

Скапотијата не запира, кошничката се полесна, џебот се попразен

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец декември 2025 година изнесува 65 492,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември 2025 год. која изнесува 65 173,00 денари е зголемена за 319,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец декември изнесува 80 867,00 денари.

23 648 – ова е сумата која е потребна на едно четири члено семејство да ги набави најнеопходните прехранбени производи.

Следуваат сметките за домување кои се околу 100 евра во просек. Потоа трошоците за набавка на облека и обувки кои веќе на месечно ниво достигнаа 5 800 денари. За рекреација и култура за последниот месец од годината синдикалците пресметале дека се потребни 5 и пол илјади денари на четири члено семејство.

Високи 7 000 илјади денари изнесуваат трошоците за образование. 4 600 денари во кошничката се потребни транспорт, 1 100 денари за здравствени услуги- се разбира на државно и тоа најнеопходните прегледи и медикаменти. За ресторански услуги нешто над 4 илјади денари. За комуникации се потренби околку 3 500 денари.

Во понеделник е договорен нов Економско социјален совет на кој засега не е на дневен ред кошничката, а ниту и минималната плата. Тоа што е ново на оваа тема се ново најавените потрошувачки кошнички кои ги најави власта, а ќе се формираат по нова година.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП