5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЧеличните бандажи се подобри за во зима

Челичните бандажи се подобри за во зима

felni

Сите возачи кои на своите тркала имаат алуминиумски бандажи, знаат колку се тие чувствителни. Навистина, тие изгледаат многу поатрактивно од челичните, но сепак имаат и своите маани. Тие недостатоци особено доаѓаат до израз во текот на зимските месеци.

Имено, ниските температури, патиштата прекриени со вода, лапавица, снег, ризла и индустриска сол, се сите непријатели на алуминиумските бандажи и можат да предизвикаат многубројни проблеми.

Солта го нагризува алуминиумот, кој, исто така на ниските температури станува кршлив и лесно се оштетува од ризлата и од дупките на патот. Без разлика колку и да внимавате, можете да ги оштетите при преминувањето на работ на тротоарот кој е прекриен со снег. Покрај тоа, а како што е познато, овие тркала не се евтини, па затоа препорака е во текот на зимските месеци алуминиумските бандажи да се отстранат, а гумите да се монтираат на челични бандажи.

Тие се многу поцврсти и многу лесно ги поднесуваат ниските температури и зимските услови за возење.

Ризлата и солта нема да ги оштетат, а доколку и ги чукнете некаде, нема да биде толку приметно, ниту пак ќе бараат посебен третман. За удобност не треба многу да се грижите, затоа што во зима секако возите (или би требало) со зимски гуми, а и снежните патишта не се места на кои треба да се размислува за удобноста.

Од се горенаведено, челичните бандажи во старт се далеку поевтини од алуминиумските, а кога на тоа ќе го додадеме (не) одржувањето и можноста да купите половни, тогаш нема потреба да се споредува. Со нивното монтирање нема да нарушите ништо, освен можеби изгледот, кој, нормално може да се подобри со монтирање на добри „раткапни“ чии избор во специјализираните продавници е навистина голем.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП