5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПостои ли поделба на „женски“ и „машки“ автомобили?

Постои ли поделба на „женски“ и „машки“ автомобили?

zenski

Претставниците на Мазда најавија дека следната генерација на моделот Мазда 2 ќе биде дизајнирана така што особено ќе им се допадне на жените. Оваа изјава повторно го отвори прашањето за поделбата на т.н. „машки“ и „женски“ модели на автомобили.

Наследникот на актуелната Мазда 2 ќе се појави во продажба во 2014-та година. Како што објасни шефот на дизајн на Мазда за Европа, Питер Биртвистл, „автомобилот ќе биде дизајниран пред се да им се допадне на купувачите од женскиот пол“.

Во оваа компанија сметаат дека актуелниот модел со својот „премногу мускулест“ изглед одби еден дел од купувачите во Европа на кои се сметало, а се претпоставува дека меѓу нив се наоѓаат и голем број на жени.

При дизајнирањето на новите модели, производителите на автомобили во последно време размислуваат и за вкусовите, желбите и потребите на женската популација. Тоа е невообичаено, особено кога се во прашање семејните автомобили, затоа што од претходно е познато дека жените имаат значајна улога при купувањето на ново возило.

Од друга страна во последните децении во светот се зголеми бројот на млади жени кои можат себеси да си дозволат нов автомобил. Иако многу од нив околу изборот се консултираат со некои мажи, сепак на крајот конечната одлука е нивна.

zenski 1

Во тој случај, производителите сметаат дека е многу важно да го погодат женскиот вкус, затоа што при одбирањето на возилото, одлучувачки фактор може да биде токму дизајнот на надворешноста на автомобилот. Па така повторно се враќаме на насловот – постои ли поделба на „женски“ и „машки“ автомобили и колку таа е оправдана?

Фактот дека авто-компаниите, пред се во сегментот на мали и градски автомобили, повремено кокетираат со идеата „женски“ автомобил. Меѓутоа, доколку се оди премногу далеку и ако автомобилот еднаш добие таква етикета, ќе загуби добар дел од машките купувачи. Праксата покажа дека на пазарот најдобро поминуваат модели кои не се предоминантно ориентирани кон еден пол и кои подеднакво им се допаѓаат и на мажите и на жените.

Исто така, некои истражувања покажаа дека на многу жени им се допаѓаат модели на автомобили кои и повеќето мажи ги сметаат за привлечни и посакувани.

Што мислите Вие, постојат ли „женски“ автомобили и дали меѓу актуелните модели на улиците препознавате некои од нив?

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП