Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 12/2025 за долгови доспеани до 31.08.2025 и неплатени до 30.11.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.12/2025 објавени се 2049 должници – правни лица (повеќе за 25 од претходната листа) и 4088 физички лица (повеќе за 71 од претходната листа).

