ПочетнаАВТОБИЗПристигна сосема новиот „Mercedes GLB“ со 7 седишта, засега само како електричен...

Пристигна сосема новиот „Mercedes GLB“ со 7 седишта, засега само како електричен модел (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна новиот „Mercedes-Benz GLB“ и, иако задржува слична блоковска форма како и неговиот претходник, SUV-от носи многу новости.

Достапен како модел со пет и седум седишта, „GLB“ за 2026-та година го наследува електричниот „EQB“ и првично ќе се продава исклучиво како електрично возило.

Хибридните варијанти ќе бидат додадени во понудата подоцна.

Најавени се две изданија на новиот „GLB“. Првата, означено како „GLB 250+“ со „EQ“ технологија, има литиум-јонска батерија со капацитет од 85 kWh и електрична архитектура од 800 волти.

Опремен е со заден електричен мотор кој развива 272 ks (200 kW) и 335 Nm вртежен момент, што му овозможува да забрза до 100 km/h за 7,4 секунди. Оваа верзија може да помине импресивни 630 km со едно полнење.

Над моделот „250+ е 350 4Matic“ со „EQ“ технологија. Овој модел има опсег од 615 km, користи иста батерија од 85 kWh, но има дополнителен електричен мотор сместен напред.

Комбинираната моќност е 354 ks (260 kW) и 515 Nm, што го намалува времето потребно за забрзување до 100 km/h на 5,5 секунди.

„Mercedes“ вели дека следната година ќе понуди поевтин, електричен модел од почетно ниво.

Ќе пристигне и хибридна верзија со 48-волтна технологија, достапна во три нивоа на моќност, со погон на предните тркала или на сите четири тркала.

Новиот „GLB“ го следи правецот на поновите модели како што се „CLA“ и „GLC“, усвојувајќи препознатлив преден дел со голема решетка и нови фарови, со дневни светла во форма на трокрака ѕвезда и LED светлосна лента.

Не е особено привлечен „SUV“, но ниту претходниот модел не беше.

Задниот дел носи можеби најголемата стилска промена во споредба со „GLB“ од првата генерација.

Веројатно инспириран од концептот „Mercedes-Benz Vision EQXX“, доаѓа со вертикално ориентирани задни светла поврзани со светлосна лента, со светлосни потписи во форма на трокрака ѕвезда, како и предниот дел.

Голем чекор напред е направен и во внатрешноста на „GLB“. Како и „CLA“, може да се опреми со системот „Mercedes Superscreen“, кој вклучува 10,25-инчен дисплеј за возачот, 14-инчен инфозабавен екран и дополнителен 14-инчен дисплеј за совозачот.

Како и кај другите нови „Mercedes“ модели, контролната табла е речиси целосно рамна и лишена од истакнати дизајнерски елементи.

Моделот ја користи четвртата генерација на „MBUX“ системот, кој вклучува вештачка интелигенција од „Microsoft“ и од „Google“.

Екранот работи на платформата „Unity Game Engine“ и го вклучува виртуелниот асистент „MBUX“ базиран на „ChatGPT4o“.

Јасно е дека „Mercedes“ сакаше да го направи „GLB“ што е можно понапреден технолошки.

Засега се објавени само цените за Германија. Таму, основниот „GLB 250+“ започнува од 59.048 евра, додека „GLB 350 4Matic“ започнува од 62.178 евра.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП