На 30 ноември 2025, компанијата dm дрогерие маркт успешно го реализираше продолжението на еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“, најмасовната акција за пошумување досега. Заедно со партнерите Македонско Еколошко Друштво (МЕД) и ЈП Национални шуми, речиси 400 вработени во dm, волонтери и претставници на институционалните партнери беа дел од најголемото масовно пошумување во с. Калапетровци во околината на Штип.
Овој традиционален еколошки проект, кој dm го започна во 2022 година, до денес вроди дури 150 000 засадени дрвја на повеќе локации низ нашата земја – во Велес, во близина на езерото Младост, во околината на скопско Миладиновци и во близина на опсерваторијата Кокино. Оваа година во с. Калапетровци во околината на Штип, целта беше доста амбициозна и беа засадени дури 50 000 нови стебла. Со оваа акција, dm drogerie markt заедно со еколошките партнери МЕД и ЈП Национални шуми направи уште еден голем чекор кон позелено утре за сите нас. Компанијата dm обезбеди и организиран превоз, опрема за садење, и освежителна закуска за сите учесници.







