Од денеска први декември 2025 година стапува на сила мерката на Народната банка. Таа се однесува за сите лица со нерешено станбено прашање, коишто навистина немаат стан или куќа на свое име каде што би живееле.
Според очекувањата мерката ги опфаќа претежно младите лица и млади брачни парови, а со новата одлука се дозволува, без да се наруши пристапот на прудентност, тие да добијат станбен кредит и со учество од 10% од вкупната вредност на објектот за живеење. Наспроти ова, за сите останати случаи, минималното сопствено учество се зголемува од постојните 15% на 25% од вредноста на станот. Исто така, за корисниците на станбени кредити наменети за купување или градење прво живеалиште, ќе останат во важност досегашните лимити на показателот ДСТИ, коишто изнесуваат 55% за изложеноста во денари и 50% за изложеноста со валутна компонента. За сите останати баратели на кредити се предвидуваат пониски нивоа за овие показатели, и тоа од 50% за изложеноста во денари и 45% за изложеноста со валутна компонента.
Од Народната банка соопштија дека олеснувањето при купување прв стан се однесува на лицата коишто навистина немаат стан или куќа на свое име и планираат да купат или да изградат дом за сопствено живеење, за што треба да исполнат одредени критериуми, а се воспоставуваат соодветни механизми за проверка и следење, коишто се детално образложени во Одлуката, која треба да биде објавена во Службен весник.
Дополнително, информациите велат дека при подготовката на мерки од страна на Народна банка, за полесен пристап до кредити за прв стан, Агенцијата за катастар на недвижности ќе направи проширување на Регистарот на цени и закупнини, со што ќе се овозможи во него да се евидентираат и цените на недвижностите содржани во преддоговорите со што ќе се следат пазарните трендови на цените, а воедно ќе се оневозможи вештачкото зголемување на цените на недвижностите.
„За сите лица со нерешено станбено прашање, коишто навистина немаат стан/куќа на свое име каде што би живееле, а се очекува дека тоа ќе бидат претежно млади лица и млади брачни парови, со новата одлука се дозволува, без да се наруши пристапот на прудентност, тие да добијат станбен кредит и со учество од 10% од вкупната вредност на објектот за живеење. Наспроти ова, за сите останати случаи, минималното сопствено учество се зголемува од постојните 15% на 25% од вредноста на станот. Исто така, за корисниците на станбени кредити наменети за купување или градење прво живеалиште, ќе останат во важност досегашните лимити на показателот ДСТИ, коишто изнесуваат 55% за изложеноста во денари и 50% за изложеноста со валутна компонента. За сите останати баратели на кредити се предвидуваат пониски нивоа за овие показатели, и тоа од 50% за изложеноста во денари и 45% за изложеноста со валутна компонента“, соопштија од Народната банка.
Ова мерка на Централната банка доаѓа како одговор на континуираниот раст на цените на недвижностите во земјава, а особено на цената на квадратниот метар станбен простор.
Како една од информациите кои ја шокираше јавноста беше тоа што дури 50 отсто од становите во земјава се купуваат во кеш, а тоа може да предизвика големи сомнежи како е дојдено до таа огромна сума на готовина.
И.П



