3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNokia Lumia 520 доби свој наследник

Nokia Lumia 520 доби свој наследник

lumia 525

„Lumia 525“ доаѓа со нов процесор и поголема работна меморија и тоа се најважните вести кај наследникот кој би можел да продолжи со одличните продажни резултати на својот претходник.

„Nokia“ со „Lumiа 525“ ја прошири својата листа на телефони, а овој уред ќе биде наследник на „Lumiа 520“, најпродаваниот „Windows“ телефон во светот.

Новиот уред доаѓа со последната верзија на оперативниот систем  „Windows Phone 8“ и работи на процесорот „Qualcomm Snapdragon“ со две јадра и 1 GHz, како и со 1 GB работна меморија, што е подобрување во однос на моделот „520“.

Уредот го задржа истиот екран со дијагонала од 4 инчи (800×480), како и камерата од 5 мегапиксели која снима видео со 720p. Новиот телефон доаѓа и со истата количина на интерна меморија (8 GB), а тука е и слотот за „micro SD“ картичката и слободните 7 GB на „SkyDrive“.

„Lumia 525“ ќе биде достапна со неколку одлични позадини, а овој пат во портокалова, жолта и бела боја.

Новиот смартфон беше претставен во Сингапур, каде во продажба ќе се најде на 14-ти декември по цена од 199 долари. Се уште не е познато кога ќе пристигне во Европа и по која цена ќе се продава на „Стариот континент“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП