28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКолку Microsoft заработува на конзолата Xbox One?

Колку Microsoft заработува на конзолата Xbox One?

Xbox One Launch Event

Продажната цена на „Xbox One“ е само 28 долари поголема од нејзината производна цена, па така ни „Microsoft“, исто како и „Sony“, не остварува голема заработка од продажбата на конзолата.

„Microsoft“ го продава „Xbox One“ по цена од 499 долари, откако троши 471 долари да го направи, судејќи по компанијата „IHS“ која направи увид на сите компоненти и нивната цена.

Производната цена која „Sony“ ја троши за „PlayStation 4“ изнесува 381 долари, а конзолата се продава по цена од 399 долари. Тоа значи дека „Sony“ заработува само 18 долари од продаден примерок на овој уред.

Зошто производството на „Xbox One“ е толку скапо?

„Kinect“ чини 75 долари, но најскапа компонента е микропроцесорот на „AMD“ за кој „Microsoft“ треба да одвои 110 долари. Цената на мемориските чипови изнесува 60 долари, додека сите останати делови чинат 332 долари.

Се чини дека и „Microsoft“, како и „Sony“, не очекува заработка директно од продажбата на конзолата, туку се потпираат на продажбата на игрите.

Како што ќе поминува времето, цената на компонентите ќе паѓа, меѓутоа, тоа само може да го натера „Microsoft“ дополнително да ја намали цената на конзолата со цел да ја подобри нејзината продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП