ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјоделците да не стравуваат за помошта од ЕУ и од државата!

Земјоделците да не стравуваат за помошта од ЕУ и од државата!

Оптимистички информации дојдоа од Министерството за финансии во однос на средствата кои се наменети за земјоделците по скандалот во Платежната агенција. Информациите до кои дојде Денар се дека се прават последните проверки и системот ќе биде вратен во функција и исплатата на парите ќе си тече без никакви пречки. Надлежните замолуваат за трпение, бидејќи требало да се направат уште неколку контроли се со цел да не постои сомнеж за други коруптивни зделки поврзани со европските фондови.

Националниот координатор и целата екипа која работи во делот за ИПА програмите како и повеќе институции се вклучени во проверките на исплатата на европските пари. Проверки се прават на целокупната документација на исплатени пари. Според информациите станува збор за проверки на фактури во износ од 400 илјади евра, па тоа на надлежните им дава за право да кажат дека за брзо ќе заврши целата постапка и процесот ќе биде повторно одблокиран.

„Не се очекуваат дополнителни проблеми, институциите работат и тие ќе ја направат за брзо проверката. Но до крај мора да ги оставиме институциите да си ја завршат работата и да не носиме заклучоци пред време. На располагање сме им и на Јавното обвинителство и на Брисел. Нашата цел е да се заврши оваа работа и да има разрешница. Законот треба да важи за сите и секој еден треба да го почитува“, велат од министерството за финансии.

Земјоделците и земјоделските стопанства веќе две недели се во прашалници дали и кога ќе ги добијат парите за кои аплицирале и добиле позитивен одговор за средствата од ИПАРД 3 програмата. Во коруптивната шема пет лица беа вмешани меѓу кои и првиот човек на Платежната агенција. Според информациите директорот Илија Стоилев побарал награда од 50 илјади евра за да направи проект кој не ги исполнувал условите да добие зелено светло од институцијата, а со тоа и пари од европските фондови. Сега е во притвор заедно со неговите помошници. Едно лице е во домашен притвор.

Од опозицијата со денови излегуваа со најразлични обвинувања за овој случај во кој алармираа дека 128 милиони евра кои им се на располагање на земјоделците преку ИПАРД програмата се и натаму во ризик. Од СДСМ тврдеа дека изминатата година предупредиле дека во Агенцијата се случуваат злоупотреби. Побараа на неколку пати надлежните институции да го истражат случајот, и да не се толерираат неправилности, а одговорност мора да има.

И.П

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП