20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНад милијарда смартфони ќе бидат продадени оваа година

Над милијарда смартфони ќе бидат продадени оваа година

2013-smartphones

Продажбата на паметните телефони во целиот свет ќе достигне една милијарда за прв пат оваа година и нивниот број ќе продолжи да се зголемува во наредните четири години. Прогнозата на американската „International Data Corporation“ (IDC) покажува раст од 39,3 % од 2012-та година.

Еден од клучните фактори на пазарот е падот на цените на смартфоните. Просечната цена на продажбата оваа година е 337 долари или за 12 долари поевтина од минатата година.

Компанијата предвидува пад на цените до 265 долари во 2017-та година.

„Особено во пазарите во развој, каде што цените се толку важни, тие ќе паднат со цел за да излезат телефоните од рацете на градската елита и да бидат достапни и за пошироката јавност. Секоја компанија надгледува одблизу колку најевтино може да продаде уред, а и натаму да продолжат да реализираат профит и да развиваат телефони“, вели Рамон Ламас, аналитичар во „International Data Corporation“.

Експертите од компанијата очекуваат продажба од 1,7 милијарди до 2017-та година со зголемување во просек од 18,4 % за секоја следна година. Најголем скок на продажбата на паметните телефони ќе биде во регионот на Пацификот и Латинска Америка, каде што ќе има зголемување од околу 23 % во наредните четири години. Во Северна Америка, каде веќе има огромен број на слични уреди, продажбата ќе се зголемува полека до 7,8 % , а стапката во Европа ќе се намали до 11,1 % .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП