8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord ги повлекува примероците Escape од 2013-та година

Ford ги повлекува примероците Escape од 2013-та година

ford escepe

Американскиот автомобилски гигант „Ford Motor Co.“ објави во вторникот дека повлекува 161.300 примероци од моделот „Ford Escape“ од 2013-та година.

Причината за одлуката се зачестените случаи на палење во моторниот простор на овие автомобили со мотори oд 1.6 литри. Од компанијата соопштуваат дека пожарот може да се случи поради неправилно поставените доводи за гориво. Во САД мерката ќе влијае на речиси 140.000 возила.

Ова не е прв ваков случај за „Ford“. На почетокот на декември 2012-та година американскиот автомобилски производител соопшти дека повлекува над 89.000 автомобили, продадени во САД и Канада, поради ризик од палење на моторот. Стануваше збор за повеќе од 73.000 автомобили „Ford Escape“ и 16.000 „Ford Fusion“ – сите со 1.6 – литарски мотор. Во јули американската автомобилска корпорација мораше да повлече од пазарот и 11.500 примероци на „Ford Escape“, моделот од 2012-та со мотор со зафатнина од 1.6 литри. Повторно стануваше збор за дефект во моторот, кој би можел да предизвика палење, што за возврат може да доведе до загуба на човечки живот.

Кај моделите со мотор со зафатнина од 2 и 2.5 литри сличен дефект не беше откриен. Во август оваа година „Ford Motor Со.“ беше принуден да плати парична казна од 17.3 милиони долари на властите во САД поради доцнење при повлекувањето од пазарот на автомобилите, при што беше отворен проблем со безбедноста.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП