Со секоја операција што ја правиме кон осигурениците на Фондот, клиниката Жан Митрев прави загуба од 3.517 Евра во просек и тоа мора да го дополнува со средства, кои ги остварува од приватни пациенти. Загубата што ја правиме со работата од Фондот за здравствено осигурување само за минатата 2024 година е повеќе од 4 милиони евра, велат од приватната болница.
Тоа значи, дека само минатата година, од она што сме го заработиле од приватни пациенти за услуги, кои не се под ФЗОМ, сме го субвенционирале Фондот со 4 милиони евра, за да ги исполниме обврските, кои сме ги преземале со договорот и да не ги оставиме пациентите непомогнати во животно загрозувачката состојба во која се наоѓале, велат од таму.

