19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДоговорена соработка меѓу Apple и Honda

Договорена соработка меѓу Apple и Honda

honda apple

Иако „Honda“ и „Apple“ соработуваат на различни проекти уште од 2011-та година, дури во 2014-та година првиот модел „Hondа Civic“ ќе има вградена поддршка за „iOS“.

Покрај веќе познатата „Siri Eyes Free“ технологија, новите модели на автомобилите на „Hondа“ би требало да го подржуваат т.н. „mirroring iOS“ систем и неговата интеграција во контролната табла на возилото. „Honda“ така ќе стане првиот производител на автомобили кој ќе ја нуди ваквата технологија.

Со користењето на овој систем возачот на автомобилот би требало да може да го контролира својот „iOS“ уред преку „touchscreen“ мониторот кој е внатре во автомобилот, на истиот на кој ги контролира бројните други функции на својот автомобил.

Функциите нема да се сведат само на телефонирањето или на навигацијата, туку се очекува многу подлабока интеграција на мобилниот телефон и автомобилот.

За што точно станува збор ќе можеме да видиме на претстојното претставување на автомобилите на „Hondа“ кое е закажано за 4-ти декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП