ПочетнаЕКОНОМИЈАГрад Скопје донесе одлука: Забрането фрлање отпад од 22 до 6 часот,...

Град Скопје донесе одлука: Забрането фрлање отпад од 22 до 6 часот, казна 50 евра

Советот на Град Скопје денеска ја усвои одлуката со која се воведува забрана за фрлање смет во контејнерите од 22 до 6 часот.

Граѓаните повеќе нема да смеат да фрлаат ѓубре во ноќните часови, а прекршителите ќе платат казна од 50 евра.

Целта на одлуката, како што велат службите на Градот Скопје, е да се воведе правна рамка со која ќе му се помогне на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ при собирањето на сметот.

Со оваа мерка им се дава правен основ на инспекторите и комуналните редари да санкционираат физички и правни лица што нема да го почитуваат дозволениот термин за одлагање отпад.

Претседателот на Советот, Даме Димитровски, објасни дека мерката се носи по примерите од големи светски метрополи.

Покрај забраната за фрлање ѓубре, советниците изгласаа и ребаланс на буџетот со 37 гласа „за“, еден „против“ и еден „воздржан“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП