ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој петти вработен маж во Македонија живее во сиромаштија

Секој петти вработен маж во Македонија живее во сиромаштија

Еден од најголемите проблеми на денешницата е борбата со сиромаштијата. Се послабиот стандард на граѓаните е причина се потешкиот живот на граѓаните со помали примања кои од ден на ден живеат на работ на сиромаштијата.

Официјалните податоци покажуваат дека процентот на мажите кои се во редовен работен однос изнесува нешто над 11, 6 отсто што е навистина загрижувачки. Кај жените пак овој процент е помал и изнесува 3,6 отсто, или вкупно – сиромаштијата кај вработените граѓани е на ниво од 8,4 отсто.

Лаекенските индикатори за сиромаштија велат дека во Македонија стапката на сиромаштија изнесува 22 отсто, но посебно загрижува тоа што се повеќе се проблематизира состојбата со граѓаните кои работат, а неможат да заработат доволно за да имаат достоинствен живот и според сите проекции живеат во сиромаштија. Секако сиромаштијата е најзастапена кај невработените граѓани и таа изнесува високи 47 отсто, но тоа што најмногу загрижува е невработеноста. Стапката на сиромаштија кај пензионерите пак е на ниво од нешто на 11 отсто.

Затоа од Сојузот на синдикати уште еднаш апелираат властите и работодавачите да се соземат и да најдат модел кој ќе го подобри животот на граѓаните. Животот е се потежок, а без реални илјада евра во текот на месецот, четиричлено семејство не може да ги покрие ниту основните човечки потреби.

„Македонија повторно е на дното, што укажува дека минималната плата и по законското усогласување во март 2025 година, сè уште не овозможува пристоен животен стандард. 55,7% од граѓаните, односно работниците во Македонија, според податоците на Евростат не можат да си дозволат годишен одмор во траење од 7 денови, ниту во бунгалов во Дојран. Куповната моќ на македонските работници е најниска, особено поради растечките трошоци на живот“, велат од ССМ

Според податоците на ЕВРОСТАТ во однос на сиромаштијата, стапката на вработени лица во државите од Европската унија е нешто над 8%. И во поразвиените земји може да се види дека работата не секогаш гарантира финансиска сигурност и дека дури и оние кои работат, можат да живеат под линијата на сиромаштија. И во унијата мажите кои се во редовен работен однос се тие кои се побројни во однос на жените кога станува збор за стапката на сиромаштија. Па така, вработените мажи во Европската унија кои живеат во сиромаштија се на ниво од 9%, додека пак сиромаштијата кај вработените жени изнесува 7,3 отсто.

И.П.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП