19 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНеколку совети како да го продолжите животниот век на батеријата на лаптопот

Неколку совети како да го продолжите животниот век на батеријата на лаптопот

baterija laptop

Познато е, да се користи лаптоп треба да се има наполнета батерија. Имено самата батерија трае околу три години, меѓутоа доколку посветите малку повеќе внимание на изворот за енергија на вашиот лаптот, тогаш може да се надевате дека ќе трае малку подолго.

Во случај да не го користите вашиот лаптоп неколку дена, би било најдобро да ја извадите батеријата, така само ќе го продолжите рокот на траење на истата.

Интересно е да се спомене дека за долготрајна работа на батеријата, секако се препорачува лаптопот да се чува на собна температура. Тоа е важно од причина што долготрајното изложување на лаптопот на ниски температури може да го оштети, а и батеријата исто така.

Доволно е еднаш во месецот батеријата до крај да се испразни, едноставно оставете го лаптопот сам да се изгаси во целост.

Многумина грешат кога цело време го чуваат адаптерот вклучен во лаптопот, а со тоа батеријата постојано се полни. Доколку не сте знаеле, овој процес и тоа како влијае на животниот век на самата батерија.

Обидете се да ја намалите силата на екранот и исто така исклучете ги и звучниците, затоа што не ги користите секој ден. Исто така обидете се да го ограничите играњето на игри и слушањето музика, а секако и гледањето на филмови. Не отворајте повеќе програми во истовремено.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП