ПочетнаЕКОНОМИЈАНовиот градоначалник Ѓорѓиевски ја започна акцијата за чистење на Скопје

Новиот градоначалник Ѓорѓиевски ја започна акцијата за чистење на Скопје

Новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави со фотографии дека започнува со чистење на главниот град.

Тој, во својата предизборна кампања вети дека ќе го исчисти градот за 72 часа.

-Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!, напиша Ѓорѓиевски на неговата страна на Фејсбук.

Скопје во последните неколку месеци се соочи со сериозен проблем со управувањето со ѓубрето, што предизвикува огромно незадоволство и револт кај граѓаните.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП