ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза: Кој заработи, а кој прокнижи загуба од котираните друштва

Македонска берза: Кој заработи, а кој прокнижи загуба од котираните друштва

Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-30.09.2025 година.

Од вкупно 92 компании, 66 завршиле со добивка, 20 компании завршиле со загуба, пет се долгорочно суспендирани и една компанија не објавила резултати.

Вкупната остварена добивка на котираните друштва е зголемена за 2,98 % и изнесува 19.191.083.644 денари. Вкупната загуба на котираните друштва е намалена за првите три месеци од 2025 година и изнесува 630.448.350 денари.

По профитабилност, стандардно, банкарскиот сектор е на врвот на табелата. Со 4.250.126.000 денари Комерцијална банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува Стопанска банка АД Скопје со добивка од 2.866.857.000 денари и на третото место е НЛБ банка АД Скопје со добивка од 2.505.628.000 денари.

Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Македонски Телеком АД Скопје(1.880.884.000), Алкалоид АД Скопје(1.487.455.000), Цементарница УСЈЕ(1.343.338.300), Макпетрол АД Скопје(919.313.000), Мермерен комбинат(600.924.000), ОКТА АД Скопје(447.217.873), и Макстил АД Скопје(414.232.000).

Комплетниот преглед можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП