19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 26.11.2013

Дневен хороскоп 26.11.2013

horoskopskopskop1

 

oven1Овен (21.03 – 20.04)

Верувате во она што го слушате бидејќи во моментов тоа најмногу ви одговара. Немате време да се фокусирате на оние активности на кои би требало да се фокусираат вашите соработници. Мора да бидете малку построги кон нив и мора да воспоставите ред во својот живот бидејќи единствено така ќе ги исполните сите работи кои сте ги замислиле. Верувате дека еден Рак е добронамерен кон вас дури и кога не се однесува така. Можна е понуда за некоја друга работа.

bik1Бик (21.04 – 21.05)

Имате неколку идеи, неколку различни понуди, но главно сите се поврзани за работата во која прекрасно се снаоѓате. Последната четвртина на Месечината која сеуште се чувствува во Девица делува на вашата креативност на најдобар начин. Имате на кого да се потпрете и кого да прашате. Се што работите ќе ви донесе некој конкретен резултат дури и ако малку се сомневате дека е можно работата која сакате да ја работите да ви донесе добар профит.

bliznaci1Близнаци (22.05 – 22.06)

Многу сте амбициозни и тоа не го криете, напротив, подготвени сте многу и напорно да работите за да успеете во нешто што на многумина не им успева. Ви се отвораат нови можности кога станува збор за работа со странци или било кој вид усовршување во странство. Во состојба сте да ги импресионирате оние со кои работите.

rak1Рак (22.06 – 22.07)

Полни сте со верба и енергија, што многу ви ја олеснува работата. Лесно ги надминувате проблемите. Важно е да ја искористите наклонетоста на планетите и да бидете трпеливи. Вашите денови дури сега доаѓаат. Денес ќе бидете расположени и активни.

lav1Лав (23.07 – 22.08)

На полето на кариерата не сте решиле се, но може да очекувате поволни вести во врска со нешто од порано. Малку се смиривте и сега можете на правилен начин да ги разгледате сите работни можности. Иако сте незадоволни од работата, не брзајте. Ќе ве израдува повикот на некој поранешен партнер. Во овој период ќе имате недостаток на пари и тоа ќе го зголемува вашето незадоволство.

devica1Девица (23.08 – 22.09)

Денес можете да имате одлични и храбри решенија кои ќе ви донесат корист или пак ќе се манифестираат во некоја финансиска корист од нешта што сте ги започнале или завршиле од неодамна. Значи можности за некаква исплата, пари и се околу нив во бенефитна конотација. Внимавајте на своето однесување во јавноста, на јавни места, говорот посебно, неговата наметливост и силина, теми, особено тема татковина, патриотизам и докажувања од политичката сфера за право и неправо. Имате голем прилив на енергија на комуникациски план кој ве чинат бестрашни, храбри, но може да ја насочите таа сила во погрешен правец.

vaga1Вага (23.09 – 22.10)

Денес и во следните неколку дена имате мотиви и енергија да започнете со реализација на планови и идеи кои ги имате доста долго во умот и чија реализација секако ќе ви предизвика доста задоволства и среќа. Имате енергија и успешноста е правопропорционална со мотивите кои ве туркаат напред. Имено, ако се од спиритуална, духовна природа, успешноста е речиси загарантирана, но ако се од материјална, успешноста рапидно опаѓа во зависноста од тоа колкава е вашата заглавеност во материјалноста.

shkorpija1Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се се случува ненадејно, непланирано. Познанствата, сојузите, размените на искуствата. Уште кога би можеле да не се нервирате. Тензијата станува составен дел од комуникацијата со околината. Затоа се можни препреки придружни со расправии. Пожелно е да се контролирате. Вашата комуникација со околината е важна за понатамошните бизнис партнерства.

strelec1Стрелец (22.11 – 21.12)

На проблемите им приоѓате од дистанца. Не сакате во нив да се внесувате претерано, бидејќи не наидувате на интерес за такво нешто. Бидејќи имате деловен успех, добро се чувствувате и сакате да уживате на својствен начин. Кога сте во криза, никому не му досадувате. Внимавајте во разговорите со вашите партнери, може да откриете нешто што ќе ве изненади, за жал негативно.

jarec1Јарец (22.12 – 20.01)

Се обидувате да се дистанцирате од се што ве оптоварува, а го работите она што ви причинува задоволство. Доколку некој ви прави дополнителни проблеми, подсетете ги своите соработници на основните правила за професионално однесување и не дозволувајте за вас да се зборува на погрешен начин.

vodolija1Водолија (21.01 – 19.02)

Забележувате дека некој внесува дополнителни проблеми во деловните кругови. Не учествувајте во јавни расправи околу деловните интереси. Потребни ви се практични резултати, а не интелектуално надмудрување. На оние кои постојано се противат на вашите идеи покажете им каде им е местото. Не трошете пари на непотребни работи.

riba1Риби (20.02 – 20.03)

Во моментов нагласениот знак Девица на вас делува многу поттикнувачки, особено ако сте сериозни во својата работа, многу одговорни и подготвени некои грешки од минатото да ги исправите. Би требало да бидете свесни за своите пропусти и да им дозволите на другите да ве упатат во работите кои не ги знаете. Не дозволувајте суетата да биде главен двигател во начинот на размислување кога станува збор за вашата работа. Можна е соработка со некој Бик или Јарец кои  ви се многу драги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП