Дали имате слушнато за „Line“? Иако најверојатно не, оваа апликација не е нова. Таа веќе има 300 милиони корисници.
Како е можно да не ја познавате и покрај толку големата популарност? Нормално, станува збор за јапонска апликација, односно „Engadget“ кој се нарекува азиски „Whatsapp“.
Дури 80 проценти од работењето на оваа апликација потекнува од азискиот пазар.
Инаку, „Line“ имаше голем раст во текот на оваа година. Во април таа имаше 150 милиони корисници, а веќе во јули дојде до бројката од 200 милиони. За само четири месеци остварена е бројката од 300 милиони корисици.
Инаку оваа апликација е достапна за сите поголеми платформи – „BlackBerry“, „Windows Phone“, „iOS“, „Android“, дури и за уредите „Nokia Asha“.